Ексклузивни археолошки откритија во струшко Корошишта стари околу 2500 години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ги претстави најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот регион. Откритијата, датирани од архајскиот период, од пред околу 2500 години, се значаен придонес кон историјата на Македонија и нејзиното место во европското и светското археолошко наследство.

„Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Овие наоди се не само важни за нашата историја, туку и за разбирањето на културите што оставиле траги во светското наследство,“ изјави министерот Љутков.

Локалитетот на откритијата, во атарот на село Корошишта, Струшко, е идентификуван како некропола од архајскиот период (6 век п.н.е.), која според стручњаците е слична на познатата Требенишка некропола. Во рамки на гробната целина се пронајдени околу 80 артефакти, меѓу кои бронзен шлем, златни прстени, килибарни и стаклени перли, златни фолии со различна декорација, сребрени игли и бронзен сад за вино.

korsoista 4korsoista 2

„Овие откритија не само што го прошируваат нашето знаење за културно-историските прилики во регионот, туку и ја зацврстуваат нашата позиција на балканската и европската археолошка сцена,“ додаде министерот Љутков.

Археологот Перо Арџанлиев, кој го предводи истражувачкиот тим од Археолошкиот музеј – Скопје, информира дека проектот „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ започнал во 2020 година, откако жителот Шефит Шемшедини открил бронзен шлем на нивата и го предал на музејот во Охрид, додавајќи дека наодите ќе бидат конзервирани и јавно претставени и се исклучително значајни за научниот и културниот аспект на истражувањата.

korsoista 1



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...