Одбележани 80 години од стрелањето на активистите од НОБ во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со собир, историско потсетување и положување на цвеќе претпладнево во Гостивар, пред спомен плочата близу црквата на градскиот плоштад, беа одбележани 80 години од стрелањето на шестмината активисти од Народноослободителната борба.

На настанот што го организираше гостиварскиот општински одбор на Сојузот на борци, присуствуваа членови на организацијата, почитувачи на слободарските традиции и ученици.

„Во услови кога привршуваа завршните акции за конечното ослободување на Македонија и кога над хоризонтот се наѕираше новата зора,победата и слободата, окупаторската власт премина во пресметка и репресалии со сите напредни и прогресивни сили кои се определија и бореа за новото, напредното, за слобода и прогрес. На 10 ноември, пред 80 години во предвечерието на конечното ослободување на Гостивар, овде во црковниот храм тогаш „Свети Сава“, денес „Пресвета Богородица“ група балистички платеници, откако ги фатиле и брутално ги претепале пред очите на јавноста ладнокрвно ги стрелале шесте активисти од нашето подрачје. Во еден миг и во еден здив згаснаа нивните млади животи. Временската дистанца не ја намалува болката кон сите нив, но уште посилна ја чини благодарноста за нивната жртва, обврска достојно да се продолжи и развива нивното дело“, рече во своето обраќање Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци-Гостивар.

Стрелани биле: Васил Пејчиноски (Долна Бањица), Израил Зафироски (Долна Бањица), Маринко Ѓорѓиески (Долна Бањица), Сократ Павловски (Гостивар), Павле Петревски (Балиндол) и Киро Ристовски-Дрнц (Тетово).

На спомен плочата поставена во нивна чест беше положено цвеќе, а присутните им одадоа почит и со едноминутно молчење.

332

Дел од денешното чествување беа и ученици од основното училиште „Гоце Делчев“.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...