Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ – Двајца пациенти се на терапија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Кај седум лица од една фамилија за прв пат во Македонија е откриена ретката генетска болест “Фабри”. Пациентите оделе на хемодијализа, први за болеста се посомневале нефролози од клиниката. Станува збор за мултисистемско заболување. Поради недостаток на ензим се натрупуваат масти и страдаат повеќе органи меѓу кои бубрезите, срцето, кожата… уште од најрана возраст и трае цел живот. Двајца од пациентите на 45 и 46 годишна возраст веќе примаат терапија со ензимот кој треба да им овозможи нормален живот.

– Со оваа терапија, пациентите нормално се вклучуваат во сите социјални, економски активности на општеството и придонесуваат за квалитетно општество, изјави д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Клиниката за нефрологија.

– Ова што сме го дијагностицирале и сме го третирале сме го објавиле на журнали со научно значење, изјави д-р Игор Николов, од Клиниката за нефролкогија.

За да се откриваат што повеќе ретки болести уште во рана фаза, а пациентите со навремена терапија да имаат поквалитетен живот, од Фондот за здравство најавуваат поголем буџетот за дијагностика.

– Ние ова година го зголемивме буџетот на МАНУ за лабораториските истражувања и дијагностика и се надевам дека ќе бидат опфатени сите пациенти, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.

– Најголем дел од пациентите кои се регистрираат со ретки болести се во детска возраст, преку 80 отсто од овие заболувања се генетски предусловени и заради тоа се дијагностицираат во детска возраст, изјави проф. д-р Злате Стојаноски, претседател на Комисијата за ретки болести.

Во Македонскиот регистар за ретки болести има над 820 дијагностицирани пациенти, а 264 од нив се на терапија.

Од Клиниката за нефрологија најавија и скрининг за околу 200 пациенти на дијализа за навремено откривање на ретката болеста Фабри.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи