„Бајден го овластил ФБИ да ја кодоши нејзината фиока за долна облека“ – Меланија не сака да се сретне со Џил

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден и новоизбраниот Доналд Трамп утре треба да одржат протоколарна средба во Белата куќа. Според информациите до кои дојде „Њујорк пост“, весник близок до Доналд Трамп, Меланија Трамп наводно ја одбила понудата да се сретне со сопругата Џил на традиционалниот чај што се организира по повод ваквите разговори, додека Бајден разговара со Трамп.

Како што се наведува, Меланија се одлучила на овој потег бидејќи администрацијата на Бајден во рамките на истрагите за Трамп наредила и претрес на нејзините работи во резиденцијата во Мар-а-Лаго.

-Таа не оди. Сопругот на Џил Бајден го овластил ФБИ да ја кодоши нејзината фиока за долна облека. Бајдените се одвратни. Џил не е некој што Меланија треба да го запознае, изјавил извор за „Њујорк Пост“.

Во првиот мандат на Трамп, Меланија присуствуваше на традиционалниот прием во Белата куќа организиран од тогашниот претседател Барак Обама. Тогаш сопругата на Трамп се сретна со Мишел Обама.

Инаку, Меланија претходно ја коментираше рацијата што ја спроведе ФБИ во нивната вила на Флорида и рече дека тоа и пречело.

-Да, тоа ме налути. Тоа е нарушување на приватноста. Кога се вративме, видов непријатни работи кои никој не сака да ги види. Човек во тој момент се лути затоа што никој не треба да трпи такво однесување, изјави Меланија во интервју за Фокс во септември. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...