Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со положување цвеќе и пригоден реферат, во Гостивар денес беа одбележани 80 години од смртта на истакнатиот борец од НОВ, гостиварецот Сретко Крстески. Во чест и спомен на херојот, членови на семејството се собраа на неговото вечното почивалиште, во делот на партизанските гробишта.

Во рефератот на паметењето, професорот по историја Љупчо Каркински истакна:

„Сретко Крстески остави длабок печат во македонската историја како патриот кој го положи својот живот за слободата и независноста на нашата татковина. Познат и како „Черчил“ поради својата силна појава и карактеристичниот стил со луле и шешир, стана симбол на непокор. За време на војната, неговата храброст се прославила, а неговите другари и следбеници го почитувале и ценеле како вистински лидер, споредувајќи го со британскиот премиер Черчил. Сретко трагично загина на 16 ноември 1944 година, на денот на ослободувањето на Кичево, во селото Зајаз. Со 52 убодни рани, нанесени од страна на балистите, го положи својот живот за слободата на својот народ. Со овој јубилеен спомен му оддаваме заслужена почит на храброста и љубовта кон татковината. Неговата жртва за Македонија останува врежана во колективната меморија на народот, како инспирација за борбата за правда, слобода и независност. Да го паметиме и да му оддадеме најдлабока почит и благодарност.“

Сретко Крстески е роден во 1926 година во гостиварско Дебреше. Неговиот татко Русе, кој држел кафеана во Белград, заедно со мајка му Рисима, се преселил таму со целото семејство. Токму во Белград, Сретко ја добил идејата за ослободувањето на својата родна земја. Со длабоко чувство за правда и слобода, тој се вратил во Гостивар со јасна мисија – да се приклучи на борбата за ослободување на Македонија од окупаторите.

Една улица во Гостивар го носи неговото име, сведочејќи за неговата трајна поврзаност со градот и околината, и потсетувајќи ги идните генерации на неговото дело и подвизи.

sretko krsteski 1



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
86 %
0.1kmh
94 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
11 °

Поврзани написи