Чествувањето на Денот на ослободување на Гостивар започна – Засадени 80 дрвца за 80 години слободен град

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со засадување на 80 дрвца во градскиот парк, во чест на 80 години слободен Гостивар, денес започна одбележувањето на Денот на ослободување на градот 18 Ноември.

Дрвцата ќе растат како симбол на цврстината, решителноста, пркосот, пожртвуваноста и борбата на минатите генерации, но и како потсетник и показател за идните, кои треба да ги следат вистинските вредности и да ги негуваат слободарските традиции.

Ова беше прва активност во низата, кои ќе се одржат по повод значајниот датум од историското минато на Гостивар, 18 Ноември.

dsc 6586

Утре претпладне одбележувањето ќе продолжи со положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ. Потоа, во 12.30 часот во холот на ООУ „Гоце Делчев“ ќе се одржи музичко-сценска манифестација „Децата и младите за Гостивар“, со учество на децата од градинките и основците.

dsc 6608

Централниот настан, Свечената академија ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ од 19 часот, додека пред тоа во фоајето на установата ќе има изложба на фотографии „Гостивар низ историјата“.

dsc 6606



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...