СВР Тетово соопшти дека вчера (20.11.2024) во 13.00 часот во Ростуше, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го привеле А.Б.(55) од село Јанче, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Преземено од: GostivarPress













