Се бара решение за стариот и дотраен објект на епидемиологија во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за здравство бара решение за старата и дотраена зграда каде се сместени  гостиварските епидемиолошки служби на Центарот за јавно здравје. Како што изјави денес министерот за здравство, Арбен Таравари можно е објектот целосно да се сруши и да се гради нов, но тоа за сега не е конечна одлука.

„Епидемилогија е стар објект за кој во Министерството веќе правиме одредени планови евентуално да се инвестира во нов. Ова не е дефинитивно, кога ќе биде ќе го најавиме. Во болницата одредени оддели имаат тесни простории и тие евентуално би се префрлиле во новиот објект, како централна биохемиска лабараторија за цела болница. Но, сето тоа не е дефинитивно.“, рече министерот.

Зградата на Центарот за јавно здравје, која се наоѓа спроти микробиологија и инфективното одделение долги години наназад е во многу лоша состојба со забележливи значителни оштетувања на ѕидовите, влага и слично.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...