Судството е опструирано од власта, рече Дамевска во оставката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева во своето получасовно обраќање како една од причините за својата неотповиклива оставка го наведе и политичкиот притисок врз Судскиот совет од страна на владеачката гарнитура и премиерот.

-И кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта, и на разно разни начини, претседателот на владата и политичарите од владеачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот Совет, спрема членови на Советот, но, најпоразително од се -е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството, и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот Совет на РС Македонија“, истакна Дамева и додаде:

-Претседателот на владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот Совет, со кој раководам, има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот Совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа, во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот Совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела треба да бидат распуштени, рече Дамева, па продолжи:

-Дури, во телевизиско гостување истакна дека на нашето место, на местото на постојаните членови на Советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително“, кажа дамева Дамева, додек даваше образложение за оставката го спомена и пратеникот Антонио Милошоски.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...