Бесплатен зимски одмор за деца од социјален ризик, пријавувањето е во тек

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерство за социјална политика, демографија и млади ги повика заинтересираните лица корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, родени во периодот од 2011 до 2014 година,  редовни ученици  во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток  до 26 години.

Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени  по 6 дена. Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници  до објектот и обратно.

Министерството информира дека за користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 18 декември.

Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...