Во пресрет на 8 декември, празникот посветен на Свети Климент Охридски во средното техничко училиште во Гостивар, претпладнево се одржа пригодно свечено чествување.
Манифестацијата која Активот по македонски јазик на училиштето ја организира традиционално секоја година, беше исполнета со реферат за животот и делото на Свети Климент, поетски творби во негова чест, драмска изведба и музичко-сценски настапи.
„Свети Климент од млади години ги придружувал Светите браќа Кирил и Методиј и учествувал во повеќето нивни просветителски мисии. Се истакнал со неуморен труд и залагања за ширење на словенската писменост и култура и во никој случај не подлегнал под притисоците на тријазичниците. Периодот на свети Климент Охридски се нарекува златен век на словенската култура и писменост. Во 893 година свети Климент станал првиот словенски македонски епископ, но тој е автор на биографиите на своите учители, проучен проповедник, музичар, агроном, лекар… Вистински македонски сенароден пастир“, беше речено меѓу другото во рефератот.
На настанот од страна на училиштето беа доделени благодарници на поддржувачи и соработници.
Свеченоста ја проследија ученици, просветниот кадар, родители, преставници на институции и други гости.
Преземено од: GostivarPress















