Три дена гладен – ЦУК интервенирал да му помогнат на неподвижен и изгладнет човек во село Видовиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека добил пријава на бројот за итни случаи 112 од жител на кочанското село Видовиште дека е  во многу лоша здравствена состојба и поради неподвижност три дена не консумирал храна и течности.

По неговото барање  „надлежните институции да се заинтересираат за неговиот случај и да преземат соодветни мерки“, ЦУК контактирал неколку институции за „итно да излезат на терен“, при што  од Итната медицинска помош Кочани и СВР Штип одговориле дека немаат надлежност да интервенираат.

Контактиран бил и Црвениот крст Скопје, како и претседателот на  ОО Црвен крст Кочани кој, како што наведува ЦУК,  известил дека во текот на денот преку нивните волонтери ќе биде доставена храна и вода до болното лице во с.Видовиште.

-Контактирано е со директорот на Јавно комунално претпријатие „Водена кула” од Зрновци и од нивна страна е испратено лице во манастирот во с. Видовиште од каде што ќе биде однесено јадење и други потреби на пријавителот.  На првиот работен ден (вторник) лицето ќе биде посетено од одговорни лица од Центарот за социјални работи Кочани за преземање мерки во нивната надлежност, соопшти ЦУК.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...