Вечерва во Филхармонија ќе се одржи Златна гала премиера на филмот „Пред дождот“, а денес на прес конференција се обратија учениците во филмот, режисерот Милчо Манчевски, актерите Раде Шербеција, Петар Мирчевски, Силвија Стојановска, Кате Коцева, Сузана Киранџиска, како и авторот на музиката Златко Ориѓански, дизајнерот на продукција и оскаровец Дејвид Манс, директорот на фотографија Мануел Теран, монтажерот Николас Гастер.
Манчевски кажа зошто сите негови филмови немаат среќен крај.
-По 30 години од успехот на филмот, денес мене ми е забрането да знимам во Македонија, рече тој па образложи дали е можен втор дел од филмот.
-Сите главни ликови во филмот изгинаа. Индиректно емоциите, па и таа визуелност како триптих, јас ги раскажувам во други филмови. Во конкретниот случај, тоа би бил еден малку поапстрактен триптих, но пак се однесува на тоа како живееме или што би рекла бабата во „Мајки“ – како ќе се умира. Во тој триптих се „Врба“, „Кајмак“, но и последниот филм „Збогум Копакабано“, ако воопшто се случи, додаде тој.
Шербеџија евоцираше спомени од средбата со Манчевски во Лондон, каде тој едвај го пронашол за да му ја понуди главната улога. Па откако истата вечер два пати го прочитал сценариото му рекол:
-Ми рече дека ликот на Александар го пишувал за мене. Го прашав како, кога не ме ни знаеше, а тој ми рече, пa ти си играл во пет филмови на мојот омилен режисер Живојин Павловиќ, те знам, рече Шербеџија.


Златко Ориѓански, авторот на музиката додаде:
-Милчо беше во една голема дилема кој да ја работи музиката. Еден ден беше болен и лежеше во еден хотел во Лондон и имавме еден долг разговор. На крајот му напишав факс. Писмото го чувам, иако никогаш не сме го објавиле. Напишав само една реченица – „Јас сум спремен да умрам за твојот филм“. Фала богу жив сум денеска и по 30 години дочекав да бидам тука, кажа Ориѓански.
(В.М.)
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк














