Заврши реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани вредна 245 илјади долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Заврши проектот за конзервација и реставрација на Споменикот на слободата во Општина Кочани. Во делот на овој проект, Aмбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство има обезбедено грант од 245 илјада долари. Носител на грантот е Општина Кочани, а во делот на стручниот надзор, професионалните работи ги вршел Завод и заштита на спомениците на културата и Музејот од Штип.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето обраќање денеска за време на посетата на споменикот, посочи дека од 2001 година до денес, од Амбасадорскиот фонд се вложени околу два милипони евра.

-Станува збор за значаен споменик овде на истокот, кој што е огромно архитектонско и уметничко дело на авторите Григор Чемерски и Радован Раџиновиќ. Драго ми е што имаме одлично пријателство со САД, кои се наши стратешки партнери и во делот на политиката и во делот на економијата, но наши блиски партнери се и во делот на културата, рече Љутков.

Тој изрази благодарност до Амбасадата на САД за поддршката во делот на зачувување на културното наследство.

ljutkov

Американската амбасадорка Анџела Агелер, која денеска беше во посета на Споменикот на слободата, подвлече дека е задоволство да се даде поддршка на реставрација на спомениците кои се дел од културното наследство на државата.

-Чест е да се биде тука во посета на исклучителниот Споменик на слободата во Кочани и да се види делото на уметниците Чемерски и Раџинович. Станува збор за моќен споменик кој говори за историјата на оваа држава, за уметноста и за тоа како треба да се вреднува културната традиција. Голем дел од нашите проекти се наменети за античките споменици, како Стоби, Хераклеа, но некои се и за помодерни споменици од поново време како што е споменикот во Кочани, рече Агелер.

Таа додаде дека со оваа посета на Споменикот одаваат почит на македонските уметници кои се заслужни за ова дело, како и за оние кои го реставрираа.

papazov

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов рече дека сите имаме обврска да се грижиме добро за ова културно наследство, затоа што зборува за историјата на македонскиот народ. Додаде дека Споменикот е влезен во регистарот на споменици на културата заштитени со Закон.

-Времето во кое е граден овој споменик и амбициите со кои е пристапено на еден музеј од 330 метри квадратни и кој е сериозен уметнички потфат е сериозен предизвик, особено за времето во кое е започната градбата. Имаме обврска да го чуваме и за идните генерации и за идните времиња, рече градоначалникот на Кочани.

Извор: МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
83 %
0.2kmh
100 %
Sat
12 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи