Британија ги забрани блокаторите на пубертет, се препишувале на деца кои се сомневаат во својот пол

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Блокаторите на пубертет за помлади од 18 години со родова дисфорија ќе бидат забранети на неодредено време ширум Велика Британија, освен за употреба во клинички испитувања, соопшти владата.

Министерот за здравство Вес Стритинг потврди по консултација со медицински експерти дека постоечките итни мерки со кои се забранува продажба и снабдување со блокатори за пубертет ќе бидат продолжени на неодредено време.

Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека Комисијата за лекови објавила независен стручен совет дека „во моментов постои неприфатлив безбедносен ризик при континуираното препишување на блокатори на пубертетот на децата“.

Стритинг истакна дека комисијата препорачала неопределени ограничувања за да се осигура безбедноста на децата и младите.

Националната здравствена служба на Англија (NHS) уште во март годинава објави дека на децата повеќе нема да им се препишуваат блокатори на пубертетот во клиниките за родов идентитет, а конзервативната влада во тоа време порача дека ќе помогне да се обезбеди грижа заснована на докази и во најдобар интерес на детето.

Хормоните кои го потиснуваат пубертетот делуваат така што го потиснуваат ослободувањето на хормони кои предизвикуваат пубертет и често се препишуваат на деца кои се сомневаат во својот пол. Блокаторите на пубертетот на тој начин ги запираат физичките промени како што се развојот на гради или влакна на лицето.

Докторката Хилари Кас, која напиша преглед за грижа за полот на децата и го објави својот конечен извештај во април, ги опиша блокаторите на пубертетот како „силни лекови со недокажани придобивки и значителни ризици“.

– Затоа препорачав тие да се препишуваат само по мултидисциплинарна проценка и во рамките на истражувачки протокол. Ја поддржувам одлуката на Владата да продолжи со ограничувањата за издавање блокатори на пубертетот за родова дисфорија, истакна таа.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...