Времето денес (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Воо следните денови од новата работна седмица времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Се очекува да биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка на планините. Дневната температура ќе се искачи до 12 степени.
Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.
Преземено од: GostivarPress













