Полицијата вчера (17.12.2024) регистрира два случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Гостивар.
Како што соопшти СВР Тетово во 23.00 часот во Гостивар, полициски службеници го привеле С.Д. од Гостивар затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Петнаесет минути претходно, полициски службеници го привеле М.Т. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок, извести СВР.
Преземено од: GostivarPress













