Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Утре рано наутро се затвораат вентилите и ќе секнат скопските чешми. Започнува санацијата на главниот цевковод во градот. 

Акцијата е предвидена на 21-ви Декември, односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, стои во соопштението на надлежните.

Неопходно е да се исклучи главната водоводна цевка поради санација на 4 дефекти, меѓу кои и овој на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, од каде три недели тече големо количество на вода.
Граѓаните ги празнат рафтовите во маркетите, полнат кофи и шишиња за да се обезбедат за викендот.

Се реорганизираат и клиниките. Нема да се извршуваат елективни интервенции, а итните случаи нема да бидат враќани. Првиот човек на здравство уверува дека се опремени со доволни количини на вода.

Водоснабдувањето нема да прекине само во Чаир, Бутел, Радишани, Визбегово, Бардовци, Железара и Автокоманда висока зона. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи