Времето денеска (среда) ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат, нформираше утрово Автомото Сојузот на Македонија.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка (задолжителна употреба на зимска опрема за сите останати типови на возила) и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Преземено од: GostivarPress













