(Вознемирувачко видео) „Се слушна тресок, па пламен“ – Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинале 120 патници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Јужнокорејската противпожарна служба соопшти дека 120 лицазагинле, а само две лица – и двајцата од екипажот – се спасени, откако патнички авион утринава излета од пистата на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот.  

Авионот „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) се урна при слетувањето oколу 9 часот по локално време. Авионот летал од Бангкок.

Противпожарната служба соопшти дека несреќата најверојатно била предизвикана од удар на птици во комбинација со лоши временски услови, пренесува МИА. 

Сведок кој ловел риба во близина изјавил дека видел јато птици како се судриле со авионот, што предизвикало пожар на десниот мотор, дознава „Кореа тајмс“.

„Додека леталото слетуваше на пистата, удри во јато птици кои доаѓаа од спротивната насока“, рече тој. „Слушнав два или три удари, како птици што се вшмукуваат во моторот, пред да видам пламен од десниот мотор“.

Наводно, еден патник им испратил порака на роднините дека птица била заглавена во крилото на авионот пред падот, според Njuz 1.

Се вели дека неговата последна порака била: „Дали да ги кажам моите последни зборови?

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи