Луто топло чоколадо за зимска магија – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Топлото чоколадо е еден од нашите омилени зимски пијалоци, кој често го поврзуваме со празниците и пријатна домашна атмосфера додека надвор е студено.

Не само што не грее, туку и во нас го буди хормонот на среќа, поради што расположението веднаш ни се подобрува, дури и во мрачен врнежлив ден.

Потребни состојки:

  • 130 гр исечкано темно чоколадо
  • 450 мл млеко
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 1 чили пиперка, исечена на половина по должина, без семки
  • 2 лажички шеќер (може да користите и кафеав шеќер или мед)
  • 2 чашки ракија или рум по желба

Подготовка:

Чоколадото растопете го во помал сад на умерена температура со малку млеко. Измешајте го остатокот од млекото, циметот, ванилата и солта. Додадете го чилито и оставете сè да се загрее, внимавајќи да не зоврие. Тргнете го од оган и оставете го да отстои 10 минути, а потоа отстранете го чилито. Постепено додавајте шеќер, мешајќи и вкусувајќи додека не го достигнете идеалното ниво на сладост. По желба во оваа фаза можете да додадете малку ракија или рум за дополнителна арома. Истурете во шолја, декорирајте по желба и уживајте во ова совршено кремасто и зачинето топло чоколадо.

Со овие мерки, ќе добиете две до три чаши топло чоколадо, во зависност од големината на чашите.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...