Студен бран и нови снежни врнежи во западниот дел на Балканот – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во регионот на Западен Балкан пристигна најавената промена на времето, која донесе значителен пад на температурите и нови снежни врнежи.

Во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија почна да врне дожд, а на места и снег, а надлежните служби издадоа предупредувања за обилни врнежи, ниски температури и силен ветер.

Во Босна и Херцеговина снег падна во регионот Краина, а во текот на денот се очекува снег во другите делови на земјата.

Во БиХ се очекува да паднат од два до десет сантиметри снег, а на повисоките места и на планините од 15 до 25 сантиметри.

За подрачјето на Бања Лука и Бихаќ е издадено портокалово предупредување поради силен ветер, додека жолто предупредување поради врнежи е на сила во останатиот дел од земјата.

Во Хрватска снег паѓа во Лика, Горски котар, но и во внатрешноста, во Загреб, Карловац, Сисак, Бјеловар и Кутина.

Како што најавија хрватските метеоролози, на копното се очекува да се формира снежна покривка, особено во планинските предели каде би можеле да паднатнад 30 сантиметри нов снег.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска денеска објави жолт аларм за централните и планинските предели поради снег и можна појава на мраз и обилни врнежи од дожд.

Падот на температурите и во Србија носи лапавица и снег – претпладне на западот на Војводина и на западот на Србија, а постепено од средината на денот и во другите области, претежно јужно од Сава и Дунав.

„Се очекува создавање и зголемување на висината на снежната покривка, главно од два до пет сантиметри во пониските предели, а на планините околу 10 сантиметри, а на југозападот на Србија некаде и за повеќе од 15 сантиметри нов снег“, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Престанување на паѓањето снег се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека кон крајот на денот на северот од земјата, на планините и во пониските предели се очекува умерен до обилен снег.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...