Барала само намалување на усните, а добила и вагинално подмладување – Брук Шилдс го критикува хирургот за бонусот што не го сакала

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Брук Шилдс го критикуваше својот пластичен хирург затоа што додал „мал бонус“ за време на операција на нејзините гениталии без нејзина согласност.

Актерката во своите нови мемоари, „Брук Шилдс не е дозволено да старее: Рефлексии за стареењето на жената“, објаснила дека нејзиниот „прекрасен“ гинеколог и препорачал намалување на усните бидејќи имала непријатност, крварење и иритација од нивната должина уште од средно училиште, пишува pagesix.

-Секако, осигурувањето не го покрива бидејќи се смета за естетска операција, што е многу интересно – објаснила 59-годишната актерка и додала: – И колку што се сеќавам, не сакам да бидам порно ѕвезда.
Но, откако ја оперирала, отишла на преглед кај хирург во Беверли Хилс, кој „гордо“ ја известил дека додал „мал додаток“ што таа не го одобрува. Имено, хирургот извршил вагинално подмладување, кое Националниот институт за здравје го дефинира како „намалување на просечниот дијаметар на вагината, главно од сексуални причини“.

Шилдс останала „запрепастена“ од оваа „неповратна инвазија“, споредувајќи ја со „некаков вид силување“.

– Ниту еден индикатор не укажуваше на потребата нешто да биде посилно, помало или помладо, особено на тоа место – рече таа, а пренесува Мирор.
Таа долго време не му кажала ниту на својот сопруг Крис Хенчи за подмладувањето, бидејќи чувствувала „срам“ поради искуството. Сепак, на крајот таа одлучила да ја „сподели оваа многу интимна информација“ со своите читатели, иако сметала дека може да биде „премногу графичка или едноставно премногу“.

-Ако сакаме да го промениме начинот на кој пристапуваме и зборуваме за здравјето на жените, мора да отвориме непријатни, но многу реални теми. Срамот веќе не е опција – објасни таа, пренесува телегрф.рс.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи