Британска министерка поднесе оставка поради нејзината тетка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Секретарката за економија во британското Министерство за финансии, Тулип Сидик, поднесе оставка поради врските со нејзината тетка, премиерката на Бангладеш Шеик Хасина, која беше сменета минатата година по неколкунеделни протести.

Сидик, која беше одговорна за борба против корупцијата, беше спомената минатиот месец во антикорупциска истрага во Бангладеш против Хасина, бидејќи семејството Сидик било вмешано во посредување во договор со Русија од 2013 година за нуклеарна централа во Бангладеш во кој биле проневерени големи суми пари.

Секретарката се соочи со дополнителни прашања во врска со нејзините врски со владата на нејзината тетка, откако Сандеј тајмс и Фајненшл тајмс објавија дека таа користела два стана во Лондон кои и ги дале соработници од поранешната владејачка партија на Хасина, Авами лига.

Премиерот Кир Стармер беше под зголемен притисок да ја отстрани Сидик од функцијата бидејќи живее на имоти во Лондон поврзани со нејзината тетка Хасина.

Стармер рече дека му е жал што Сидик си заминува, иако „нема прекршување на министерскиот кодекс и нема докази за финансиски неправилности“.

Советникот на премиерот Лори Магнус рече дека Сидик не ги прекршила министерските стандарди, но со оглед на нејзината улога во владата, „за жалење е што таа не била повнимателна за потенцијалните ризици за репутацијата и за неа и за владата што произлегуваат од поврзаноста на нејзиното блиско семејство со Бангладеш“. МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

(Видео) Нејмар направи хаос – Доби црвен картон поради „правилото Винисиус Жуниор“

Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за...

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...