Македонија одигра нерешено со Унгарија во првиот натпревар на СП

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено на првиот натпревар од Светското ракометно првенство.

„Црвено-жолтите“ одиграа 27:27 (14:14) со фаворизираната Унгарија во салата во Вараждин, каде имавме голема поддршка од македонските навивачи.

Сепак нашите ракометари можат да жалат бидејќи ја имаа победата во раце, но ја испуштија во финишот на дуелот.

По нерешените 14-14 на полувреме, второто полувреме се играше гол за гол, а резултатот почна да се крши во последните 2-3 минути. Кузмановски погоди за 26-27 на минута и пол до крајот, а Митревски го одбрани следниот напад на Унгарците. Сепак и ние ја загубивме топката заради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27-27 во последните секунди.

Најефикасни во нашиот тим беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија Илиќ постигна шест гола.

Во следното коло Македонија во петок игра со Холандија, а Унгарија излегува против Гвинеја. МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...