Протест на земјоделци во Гостивар: Ќе останеме без егзистенција поради блокиран канал за наводнување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Земјоделци од 14 полошки села денес излегоа на протест во Гостивар да изразат револт поради блокиран канал за наводнување во населбата Малеарди. Како што нагласија, три четвртини од каналот од кој ги наводнуваат своите ниви, по извршени градежни работи бил асфалтиран, станал нефункционален со што им е загрозена егзистенцијата.

img 0970 1

Каналот Здуње – Пирок е во вкупна должина од 15 километри и е наменет за наводнување на земјоделски површини од вкупно 3.600 хектари.

Ќе останеме без вода за наводнување на нашите земјоделски површини. Се прашуваме како ова може да се случува во денешно време, некој да се дрзне во канал направен во 1964 година, реконструиран во 1984 година со капацитет од 1 метар кубен во секунда, да постави бетонски цевки со капацитет од 1 метар кубен, да го тампонира и на крај да го асфалтира без согласност на Водостопанство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во чија надлежност е каналот. Бараме итно надлежните органи и институции да преземат мерки, да го расветлат случајот и да го вратат каналот за наводнување во првобитната состојба.“, рече Живко Јовановски, претставник на иницијативен одбор за протестите. Според него градежен инспекторат од општината на 17 октомври 2024-та донел решение за прекин на градбата, кое било доставено до фирмата изведувач, но изградбата продолжила.

img 0971 1

Од подружницата на Водостопанство во Гостивар, кои стопанисуваат со каналот и се надлежни за негово одржување, велат дека за проблемот биле запознаени лани во септември од страна на земјоделец и дека биле преземени низа мерки.

„Кога излеговме на терен на 30 септември увидовме дека се монтирани бетонски цевки, за што не бевме известени ни од изведувачот, ни од инвеститорот Општина Гостивар. Потоа над бетонските цевки покриено е со земја, тампонирано и на крај асфалтирано. Тие вршеле реконструкција на локален пат, но целта била и патот да се прошири на сметка на нашиот магистрален канал. Значи 300 метри од каналот се целосно асфалтирани. Моќта на каналот е три пати редуцирана. Пријавив и во полиција, во Општина Гостивар каде не наидов на соработка, и редовно ги известувавме во Дирекцијата на Водостопанство во Скопје и тие ги презеле законските мерки. Се обратиле до Општина Гостивар, до МВР, МЗШВ, Државниот инспекторат, ЗЕЛС. Откако извесен период немаше поместување на работите, должност ни беше да ги известиме земјоделците и да им кажеме дека сезонава можеби нема да има вода за наводнување.“, изјави Јулијана Николиќ, раководителка на подружницата во Гостивар.

img 0973 1

Од Општина Гостивар рекоа дека презеле неопходни мерки за покривање на каналот по дологодишни бројни реакции и барања на жителите од населба Шеста зона.

„Истиот претставуваше сериозна опасност за животот и здравјето на жителите, особено и заради тоа што во него се излеваа и отпадни води. За овој повеќегодишен проблем, општината постојано поднесуваше барања за негово надминување, но поради ненавремената реакција од надлежните, се потрудивме како локална власт да им излеземе во пресрет на нашите граѓани и барем да го ублажиме овој проблем. Со оваа инвестиција, во рамките на проектот за канализација, изнајдовме соодветно решение за каналот што минува низ населено место, кој ќе ги опфати сите потреби на граѓаните, и надминување на нивните комунални потреби. Со покривањето на каналот, се надмина опасноста од трагични настани какви се случувале во минатото, при што и деца ги губеле животи заради недостиг на минимални безбедносни услови. Уверуваме дека течението на водата низ каналот не е прекината, туку поставен е систем на цевки низ кој тече и се спроведува. На овој начин само придонесовме за зголемена безбедност на жителите.“, истакнуваа од локалната самоуправа и повикаа да не се злоупотребува ситуацијата за дневни политички цели или лични интереси, да не се шират дезинформации и да не се манипулираат земјоделците.

img 0974 1

Земјоделците им дадоа рок од 20 дена на институциите да реагираат и рекоа дека протестите ќе се интензивираат доколку не се преземат мерки.

img 0972 1
Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...