Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американската црна листа на функционери има влијание во однос на започнувањето истраги и судски процеси поврзани со корупција, оценуваат мнозинството испитаници во истражувањето на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Во анкетата која е спроведена од 24 до 27 декември, минатата година на 1066 испитаници вкупно 54.2 проценти од испитаниците даваат позитивно мислење за влијанието на таканаречената црна листа.

Мнозинството испитаници позитивно ги оценуваат напорите на САД да ја поддржат борбата со корупцијата во земјава. Тука е забележан раст во споредба со одговорите на истото прашање во 2023та- од 38.7 проценти кои дале позитивна оценка пред две година на 47,3 проценти кои дале позитивен одговор на последната анкета.
Постои одреден оптимизам во однос на справувањето со корупцијата. 32.2 проценти сметаат дека корупцијата во земјата се зголемува, додека пред две години ваков одговор дале 63 проценти од испитаниците. Дека корупцијата се намалува сметаат 24.8 проценти од граѓаните. Во 2023та за споредба ваков став имале 9.3 проценти од испитаниците. 

Речиси две третини од испитаниците сметаат дека владата има искрени намери да се справи со корупцијата. Ваков одговор дале 58,7 проценти од испитаниците. Негативен однос кон намерите на владата на овој план имаат 29,8 проценти испитаници.
Во моментов се уште владее став дека корупцијата е широко распространета. На скала од 1 до 5 каде единицата значи дека корупцијата ја нема а петката дека е распространета насекаде, граѓаните дале средна оценка 4.

Судството и јавното обвинителство и овој пат се рекордери со 69 проценти граѓани кои сметаат дека има многу корупција во нивните редови. Заедно со оние 18 проценти кои велат дека ја има донекаде прават вкупно 87 проценти кои сметаат дека има корупција, што е и големо зголемување споредено со 2023. Тогаш вкупно 79 проценти сметале дека има корупција во овој сектор. И тогаш и сега, само 2.2 проценти рекле дека нема корупција во судството и јавното обвинителство.

Прашани да ги детектирааат иворите на корупција граѓаните на прво место ги ставаат судството и обвинителството, зад нив се политичките партии а трет е секторот здравство.

Покрај перцепција, граѓаните во анкетата велат дека и лично се соочиле со корупција. Секој трет испитаник се нашол во ситуација да му биде побарано мито или самиот да понуди мито во ситуација во која не гледал друг начин да заврши работата.

Тука има зголемување во однос на бројките од минатото истражување- пораст од 28.8 на 32 проценти кои директно и лично велат дека се соочиле со корупција.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1066 испитаници во периодот од 24 до 27 декември минатата година.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...