Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ – Центар ги насликаа културните наследства во општината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Eдукативно- креативна секција “Разигран калеидоскоп” при ООУ “Гоце Делчев”- Центар, реализираше проект во кој се одбраа 12 објекти од општина Центар кои се прогласени за национално и културно наследство.

deca2

Од образовен аспект, во текот на проектот децата истражуваа за објектите, се донесоа заклучоци, ги посетија објектите и изработија постери. Исто така, покажаа дека се мотивирани да ја развијат свеста за својата околина, љубов кон минатото, свесност за сегашноста со осврт кон иднината, развивање на повеќе компетенции и користење на интернетот за истражувачка работа и најважно, желба објектите кои одамна не се реставрирани, повторно да заживеат.

deca3

На завршниот настан кој се одржа денеска децата ги претставија своите изработки и сознанија на кој се претстави Календар за 2025 г. “Центарски калеидоскоп”, на кој има 12 цртежи од објектите, нацртани од учениците од ликовната секција.

Станува збор за Старата Жел.станица и Музејот, Феудална кула, Ристиќева палата, Арапска куќа, Камениот мост, Дом Ибни Пајко, Св.Димитрие, Куршумли ан, УКИМ и Унив.библиотека, Старата пошта, Палатата Рубен и Катол.црква Пресвето Срце Исусово – една кружна прошетка.

На настанот се обрати и Велика С.Серафимовска која ја потенцираше важноста за зачувување на нашето материјално и нематеријално богатство.deca4

 

deca5

 

deca6

 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи