Американската војска повеќе нема да прифаќа трансродови лица и ќе престане да помага во процедурите за промена на полот на своите членови, се вели во писмото доставено до судот од министерот за одбрана Пит Хегсет.
„Со примена веднаш, се става пауза на сите нови приеми на лица со историја на родова дисфорија“, се вели во писмото на Хегсет, поднесено во Окружниот суд во Вашингтон.
„Сите непланирани, закажани или планирани медицински процедури поврзани со промена на полот за воените членови се паузирани“, се додава во меморандумот.
Анкетата на Галуп објавена во понеделникот покажа дека 58 отсто од Американците се за слобода на трансродовите луѓе да служат во војска, но таа поддршка е намалена од 71 отсто во 2019 година.
Претседателот Доналд Трамп минатиот месец потпиша извршна наредба со која директно ги критикува трансродовите војници, со нагласок дека мажот кој се идентификува како жена е „неконзистентен со понизноста и несебичноста што се бара од војник“. МИА
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













