Едно лице загина, две се повредени синоќа во престрелка во Чаир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Едно лице загина, а две се повредени во престрелка што синоќа околу полноќ се случила во скопски Чаир.

Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг во Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот.

Според МВР, на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа биле донесени две лица на возраст од 35 години со повреди од огнено оружје, кои учествувале во пукањето. На повредите им подлегнал Х.Б. од Скопје, а над А.Д., исто така од Скопје, била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Со повреди од огнено оружје се здобил и Н.Д. кој бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со случајот, полицијата приведе неколку лица.

„По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 1:40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б. (39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д. (22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица“,

информираат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...