„Гаши да одлучи кое матично тело е надлежно“ – И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Владејачкото мнозинство во Собранието со потписи од 61 пратеник денеска до претседателот на Собранието Африм  Гаши испрати барање за одржување надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови, врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“, откако вчера Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања донесе мислење за надзорната расправа на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот од во кое посочува дека нејзиниот претседател Димитар Апасиев, врз основа на Деловникот требало да се консултира со другите членови на ова собраниско тело. Дополнително врз основа на членот 62 став 5 од Деловникот се укажува дека претседателот на Собранието го одредува матичното тело кое треба да ја организира ваквата расправа. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска на прес-конференција беше дециден дека ваква надзорна расправа ќе се случи со целосно почитување на одредбите од Деловникот. 

– Веќе во процедура е поднесено барање за надзорна расправа до претседателот на Собранието, со кое што ние бараме, врз основа на членот 21 од Законот на Собранието и член 214 став 5 од Деловникот, согласно надлежностите што има претседателот на Собранието, утврдени во членот 62 од Деловникот, да определи матично работно тело кое што ќе одржи надзорна расправа на тема, „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови, врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. Ова барање е 99% истото со она барање која што имаат поднесено СДСМ и Левица, со една клучна разлика, што нашето барање го имаат потпишано 61 пратеник, но бараме од претседателот на Собранието согласно одредбите во Деловникот да утврди матично работно тело на кое што оваа надзорна расправа ќе се одржи, рече Стојаноски. 

Ние сметаме, додаде тој, дека таа надзорна расправа, со сите оние одредби кои што ни ги дава Деловникот, треба да заврши со утврдување на одговорност на сите оние кои што изминатите години не направиле ништо за да се борат против аерозагадувањето.

-Ние нема да учествуваме во политички организирани расправи кои што треба да фрлат гума за спасување на некому и да му ја спасуваат политичката кариера, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски вели дека клучната разлика во постапката за организирање на надзорната расправа е што не се почитувал членот 62 став 5 од Деловникот односно дека претседателот на Собранието одредува кое матично работно тело ќе ја организира надзорната расправа. Пратениците, според него, немаат право сами да одредуваат на кое матично тело ќе се одржи расправата.

– Тоа нивно барање нема таква одредба а ние во нашето барање на првата страница исклучиво барање од претседателот на Собранието, согласно неговата надлежност, да одреди кое е надлежно тело за организирање на оваа расправа. Ако претседателот одлучи тоа да биде Анкетната комисија, ние немаме проблем со тоа, рече Стојаноски. Според него, Гаши е суверен во толкување на Деловникот и во почитување на правилата кои му се дадени согласно Деловникот и согласно толкувањето кое што вчера Комисијата го испрати до претседателот. 

Проблемот за нив, како што кажа, е политизирање на темата за аерозагадувањето. – Ако ја видите листата на гости, мене ми индикативно тоа што нема ниту еден функционер кој пто извршувал таква функција кој што е одговорна за спречување на аерозагадување претходните седум години, рече пратеникот Стојаноски.

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот Димитар Апасиев претходно на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ намерно ја саботираат надзорната расправа што тој веќе ја закажа за 25 февруари. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи