Лехечка со луд пресврт го елиминира Алкараз во Доха

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4.

Третопласириот на АТП листата и прв носител на турнирот во Доха одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем од првиот сет.

Сепак, Алкараз не успеа да го задржи темпото што го наметна и потклекна во втората половина од првиот сет.

Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го одзеде сервисот на Шпанецот и поведе со 5:2 со серија од четири последователни гејма, пред рутински да го заврши сетот.

Во вториот сет се очекуваше реакцијата на Алкараз и тој го направи токму тоа.

Клучниот момент се случи во четвртиот гем, кога Шпанецот го направи единствениот брејк од сетот и без поголеми проблеми ја сочува предноста, со што го израмни резултатот и го одведе мечот во третиот, решавачки сет.

Алкарас изгледаше како да ја контролира ситуацијата кога поведе со 4:2 во сетот на одлука.

Сепак, Лехечка не се откажа. Чешкиот тенисер одигра поагресивно и комплетно го сврте мечот со серија од четири гема и обезбеди пласман во полуфиналето.

Лехечка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.





Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...