Ако има патни трошоци за пратениците, да има и за работниците, бараат од Левица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци. Со оваа мерка, конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат на товар ма работниците, велат од партијата.

-Ова законско решение предвидува работодавачите да обезбедат превоз или целосно да ги покријат трошоците за патување на работниците, како што, впрочем, е уредено и во други земји. За жал, пратениците кои без срам земаат стотици илјади евра за патни трошоци – не го изгласаа предлот на Левица за ограничување на истите и прекинување на злоупотребите. Сега, очекуваме пратениците коишто беа загрижени за трошоците за доаѓање на работа, да покажат доблест и барем делумно да си ги изедначат правата со македонскиот работник. Ги повикуваме владејачкото мнозинство да престане со својата политичка ароганција, да ги надминат теснопартиските калкулации и конечно да гласаат во интерес на работниците. Одбивањето на овој предлог ќе биде уште еден доказ за нивната себичност и дека владејачката структура е глува за проблемите и апелот на народот, односно одлепена од реалноста, се вели во соопштението од партијата.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...