Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


„Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку силна порака дека никој не е безгрешен и дека секој има можност да покаже добрина наместо гнев“, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод празникот Прочка.

-Денес ja одбележуваме Прочка, денот во пресрет на Велигденските пости, кој нè потсетува на големото значење на простувањето, смирението и човечката блискост.
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце, истакна Мицкоски.

Нека овој ден, додава тој, биде поттик да се приближиме едни кон други, да ги надминеме недоразбирањата и да ја зајакнеме вербата во заедништвото.

-Само со меѓусебна почит и искреност можеме да создадеме посилно и поправедно општество. За многу години!, се вели во објавата на Мицкоски.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи