Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Основното јавно обвинителство Гостивар повело постапка и предложило мерки на претпазливост за две лица по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетовo, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

– Станува збор за двајцата возачи, бидејќи според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобил „мерцедес“ со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид со автомобил „хјундаи“ презел дејствие на промена на коловозната лента без претходно да се увери дека може да го стори тоа без да ги загрози останатите учесници во сообраќајот, појаснуваат од ЈО.

Во сообраќајната несреќа меѓу двата автомобили кои се движеле еден по друг во правец кон Гостивар, животот го загуби сопатничка во автомобилот „хјундаи“, а останатите четири лица-учесници се здобиле со повреди.

– Согласно тоа за двајцата осомничени постои основано сомнение дека би можеле да бидат сторители на тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ЈО.

Јавниот обвинител предложил на двајцата привремено да им биде одземена патната исправа, да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и да им биде одредена обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган додека трае постапката. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
16.9 ° C
16.9 °
16.9 °
56 %
0.1kmh
59 %
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °
Wed
15 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...