Запален отпад и стрниште на висок предел во Мариово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола регистрира пожар во Мариово, предизвикан со палење на отпад и стрниште на висок предел во мариовскиот крај.

Пожарот е високо над селата Орле, Маково, Бонче, Мојно, Мусинци на висок непристапен терен, со опасни сртови и видлив од далечина, но без посебна опасност по локалното население, изјави за МИА Горан Димкоски, раководител на ТППЕ-Битола.

– Пожарот е запелен во текот на денот кога наша екипа изврши увид и констатира дека пожарот е високо во мариовскиот предел. Очекуваме пожарот да се изгасне и за време на ноќта од ниската температура и влажноста на воздухот, истакна Димкоски.

Од ТППЕ-Битола посочија дека деновиве на повеќе локации во Пелагонија локалното население почна со палење на стрништа и отпадок на нивите иако ТППЕ и СВР-Битола упатија апел да не се палат огнови на отворено, ниту во шума затоа што постапката е строго забранета и казнива.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи