Монструозно! Прочитајте што направил насилник од Визбегово врз жена и две деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела –  Тешка телесна повреда по член 131 со став 2 и став 1 и едно продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

-Во период од 4 до 7 март, во семејниот дом во Визбегово, осомничениот 24-годишник со умисла во повеќе наврати вршел семејно насилство и со тупаници, клоци и тврд предмет и нанел тешки телесни повреди на оштетената негова вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца на возраст од 10 и 4 години. Тој континуирано физички ја напаѓал жената, на која и нанел повеќе скршеници и други повреди. Кај помалото дете со тепање предизвикал хематом на црниот дроб, контузии со хематоракс на белодробно десно крило, лузни на лицето и отсуство на заби во устата, додека кај постарото предизвиканите тешки телесни повреди се животно загрозувачки  скршеници на коски на череп. Со тешкото семејно насилство сакал да ги натера парите од просење да му ги носат нему, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. По целосно прибирање на доказниот материјал, не е исклучена можноста и за потешка правна квалификација на делото.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи