Ислам Абази, куќниот пријател на Ахмети, раководи со ОЈО ГОКК, затоа газдата на „Пуцко петрол“ оди во домашен притвор, вели Мојсоска од Левица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Поради сомнителни набавки на деривати, бра приведени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски по наредба на судија на претходна постапка. По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор. Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го постави прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за исти случај.

„Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор?“ – напиша Мојсоска на социјалните мрежи.

Имајќи ги во предвид претходните бегства на бизнисмени и политичари од државата во време кога против нив е отворен предмет за сторено кривично дело, како примерите за Васко Ковачевски (конкретно поврзано со овој случај) или Артан Груби, Мојсоска истакна дека не е логично, за ваков случај обвинителството да оценува дека не постои опасност од бегство.

„Откако избега Васко Ковачевски (кој директно е поврзан со набавката на мазут каде е замешан Пуцко Петрол), како обвинителот проценил дека нема опасност за бегство во случајот со Пуцко?! Во конкретниов случај, веќе има едно лице кое е недостапно за органите на прогонот, а сепак Обвинителство проценува дека нема опасност за бегство.“

На крај пратеничката истакна дека Ислам Абази, кадар на ДУИ кој важи за близок до Ахмети, раководи со ОЈО-ГОКК и ова го потенцираше како причина зошто барањата за притвор се селективни.

„Иначе со ОЈО-ГОКК, кое бара куќен притвор само за Пуцко, раководи куќниот пријател на Ахмети, Ислам Абази. Затоа од ДУИ функционер не смее да оди во притвор,“ -заклучи Мојсоска.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...