Студентите прогласија крај на протестите по инцидент пред Собранието на Србија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Крај на денешниот протест  прогласија судентите во блокада во Белград откако обезбедувањето ниво пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните во близина им нареди да се повлечат, јави МИА од Белград. Околу 19 часот се случи инцидент кога група луѓе фрлија пиротехнички средства во правец на кампот на Пионирски парк.
Студентите и претходно најавија дека протестот се прогласува за завршен ако има инциденти или повредени кои не биле предизвикани од студентите.

Во просторот пред Собранието на Србија повеќе нема од обезбедувањето на студентите, но  различни групи луѓе сега шетаат и се собираат пред самата зграда.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на повеќе локации во центарот на Белград имало инциденти и тепачки меѓу дел од учесниците на денешниот протест, кои повеќепати ги напаѓале полицајците.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност за спречување на понатамошна ескалација на овие инциденти, зачувување на јавниот ред и мир, заштита на граѓаните и одржување на безбедноста, се вели во соопштението.

Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

„Најголемиот проблем на вечерашниот настан е – на кого му текнало да употреби вакво оружје? Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се пренесуваше петнаесетминутната порака до жртвите, беше употребено оружје. Единствената цел на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е омраза кон сопствениот народ“, изјави Радиќ за порталот Н1.
И во моментот пред Собранието на Србија се регистрирани „топовски удари“, јавија белградските медиуми.

Српскиот претседател се очекува вечерва во 22 часот да се обрати на нацијата.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...