ВЛЕН во центарот на Дебар му оддаде почит на Андреј ДНК

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во центарот на Дебар, на  плоштадот „Скендербег” вечерва членови и приврзаници Коалицијата ВЛЕН оддадоа почит на Андреј ДНК, кој загина во пожарот во Кочани.

– Со длабока болка ја примивме веста за трагичната загуба на нашиот дебарски син Андреј Ѓорѓиевски, живот неправедно згаснат во трагедијата во Кочани. Заедно, со болка и почит ќе се сеќаваме на нашиот син, нашиот голем човек и уметник,  кој повеќе не е меѓу нас, рекоа од коалицијата.

Околу поставената фотографија на Андреј тие положија црвени рози и напишаа „Дебар тагува за својот голем човек, уметник,  хуманитарец”.

– Изразуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство и до семејствата на сите жртви од трагедијата во Кочани, до пријателите, цел Дебар и цела Северна Македонија. Со мислите сме со сите нив и се молиме ваква трагедија да не се повтори никогаш и никаде, рекоа од ВЛЕН.

Андреј Ѓорѓиевски беше роден 1982 година во Скопје, но родителите живееја во Дебар, каде тој го мина своето детство.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...