(Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа спектакуларен натпревар во реванш полуфиналето на Купот на кралот, По 120 минути игра натпреварот заврши без победник 4:4.

„Кралскиот“ клуб“ се пласира во финалето, благодарение на минималниот триумф (1:0) во првиот натпревар одигран во Сан Себастијан.

Мадриѓаните беа над амбисот во финишот на регуларниот дел, имаа минус од два гола, но успеаја да се вратат во рок од четири минути. Сепак, капитенот на гостите Микел Ојарзабал во судиското надополнување (93.минута) обезбеди продолженија за баскискиот тим.

Херој на домашниот тим беше Антонио Ридигер, кој постигна гол во 115. минута и со тоа му обезбеди финале на Реал, кој таму ќе го чека победникот од пресметката Барселона-Атлетико (4:4).

Андер Баренечеа со гол во 16. минута најави фантастичен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а Ендрик го израмни резултатот пред паузата.

Сосиедад притискаше за ново водство и за краток период постигна два гола, пред се благодарение на Давид Алаба.

Австрискиот репрезентативец си постигна автогол во 72. минута, додека во 80. минута кога шутираше Микел Ојарзабал, топката удри во неговата нога и го измами Андриј Луњин.

На Реал не му требаше многу време да возврати. Во 82. минута Винисиус одлично мина по левата страна, го пронајде Џуд Белингем, кој само ја постави ногата и ја затресе мрежата на гостите. Резултатот го изедначи Чуамени, кој во 86. минута со глава погоди поцентаршутот на Родриго и благодарение на кастрофалната реакција на Алекс Ремиро.

Драмата не заврши тука. Петтиот гол за само 21 минута го постигна капитенот на Сосиедад, Микел Ојарзабал, по центаршутот на Серхио Гомеш.

Реал можеше да ги избегне продолженијата, Белингем шутираше со глава, но Ремиро со одлична парада ја надомести лошата реакција кога го прими третиот примен гол.

Сосиедад некако одолеа на нападите на Реал во првото продолжение, но не и во второто. Антонио Ридигер со глава ги постави конечните 4.4 по корнерот на Арда Ѓулер во 115. минута.

Финалето на Купот на кралот е закажано за 26 април на „Картуха“ стадионот во Севилја.



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...