ЦУК: Можно зголемување на водостојот на реките во западниот дел на земјава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Центарот за управување со кризи попладнево предупредува на можно зголемување на водостојот на реките особено во западниот дел на земјава.

Од ЦУК информираат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот.

-Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15 до 20 литри на квадратен метар. Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот, велат од ЦУК.

Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина, како што се наведува во соопштението, може да има на реката Треска, на Црна Река, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава.

Според прогнозите, како што  се наведува во соопштението, можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).

Од ЦУК велат дека се можни пообилни врнежи во делови од градските средини, како Тетово и западниот дел на Скопје, а во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите.

Центарот за управување со кризи со предупредување до граѓаните за внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...