Тетовец загина, сопатничката тешко повредена – Трагедија на патот Маврово-Дебар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир  Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.  

-Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, рече портпаролот Реџепи.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи