„Прада“ го купува „Версаче“ за 1,25 милијарди евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Италијанската модна куќа „Прада“ денеска објави дека „постигнале дефинитивен договор“ со американската групација „Капри холдингс“ за преземање на 100 отсто од познатиот бренд „Версаче“ за 1,25 милијарди евра. Спојувањето на двата светски познати италијански брендови, според познавачите, ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, којашто ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како „Луј Витон“ и „Керинг“.

– Среќни сме да му посакаме добредојде на „Версаче“ во „Групацијата Прада“ и да изградиме ново поглавје за брендот со којшто споделуваме силна посветеност во креативноста, изработката и наследството, изјави претседателот и извршен директор Патрицио Бертели.

Договоров е исклучок од трендот од последниве години, бидејќи големите имиња на италијанската мода како „Гучи“, „Фенди“ и „Ботега Венета“ беа преземени од нивните француски конкуренти.

„Капри холдингс“, којашто го купи „Версаче“ во 2018 година за 1,83 милијарди евра, мораше да прифати значително намаление во економски контекст на состојбата на пазарот на луксуз и зголемувањето на американските царини. По долги недели преговори, „Прада“ презеде ризик и покрај турбуленциите предизвикани на поголемите царините што ги најави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трансакцијата се очекува да биде завршена во втората половина на оваа 2025 година.

Модната куќа „Версаче“, основана 1978 година од дизајнеркиот двоец, браќата Џани и Санто Версаче, стана многу позната по своите комбинации облека за светската сцена. Донатела Версаче, која ги презеде креациите на модната куќа во 1997., откако нејзиниот брат Џани беше убиен, се повлече на 1 април годинава.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...