Нема ниту еден доказ дека е побарано продолжување на лиценцата на „Пулс“ од актуелниот министер за економија, вели Коцевски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително, како што кажа, се води истрага и против седум полициски службеници.

Нови осомничени се: 3 овластени градежни инспектори во Општина Кочани, 3 директори на Дирекција за заштита и спасување (претходно 1 директор е веќе во постапка), 1 генерален инспектор во Дирекција за заштита и спасување, 2 државни секретари во Министерство за економија (претходно 1 во постапка), 3 министри за економија (претходно 1 веќе во постапка), 3 службени лица во Министерство за економија (претходно уште 3 во постапка), 4 пазарни инспектори во ДПИ (претходно уште 3 во постапка).

Коцевски порача дека истрагата ќе биде максимално ефективна и ќе ги даде посакуваните ефекти.

Министерот Тошковски посочи дека во насока на расветлување на правно-кривичниот настан Министерството за внатрешни работи презеде низа активности со кои покажа дека законот важи за секој што ќе се огреши, а при тоа да се собрани соодветни докази.

-Ќе продолжиме и понатаму да преземаме активности за секој што ќе бидат собрани докази, рече Тошковски. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи