Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка.

-Голема благодарност до службите во општина Аеродром кои, иако не е во нивна надлежност, го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните, посочија од ЦУК.

Од ЦУК претходно алармираа за две отворени шахти во општина Аеродром, што претставуваат опасност за граѓаните. Како што појаснија, минатата седмица преку социјалните медиуми биле пријавени две отворени шахти – едната спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, зграда број 28, пред „Спортлајф“.

Како што наведуваат од ЦУК, веднаш биле информирани надлежните од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје. Оттаму им било кажано дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...