Реал се сомнева во Алонсо, сака да го „украде“ Клоп од Ред Бул

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп е сериозен кандидат за клупата на Реал Мадрид доколку Карло Анчелоти добие отказ.

Ова е една од најтешките сезони за Анчелоти на клупата на Реал, тој е втор во Ла Лига и на прагот да биде елиминиран од Лигата на шампионите веќе во четвртфиналето.

Вечерва, Реал го пречекува Арсенал во реваншот, но по убедливиот пораз од 0:3 во Лондон.

Доколку очекувано испаднат од Лигата на шампионите и не успеат да ја стигнат Барселона во Ла Лига, се претпоставува дека Италијанецот ќе биде сменет. Главен фаворит за преземање на клупата на Реал некое време е Чаби Алонсо.

Како играч пет години го носеше дресот на Реал Мадрид со кој ја освои Ла Лига во 2012 година, два Копа дел Реј и Лигата на шампионите во 2014 година.

Минатата сезона со Баер Леверкузен ја освои двојната круна во Германија, а единствениот пораз во целата сезона му беше во финалето на Лига Европа.

Сепак, оваа сезона Леверкузен не доминира во Германија, моментално заостанува шест бода зад лидерот Баерн, а Баварците ги елиминираа во осминафиналето во Лигата на шампионите, а во полуфиналето од Купот на Германија беа елиминирани од третолигашот Арминија Билефелд.

Според германски „Спорт“, овие резултати го поставија прашањето дали и колку е Алонсо всушност е подготвен за Реал.

Сезоната која не е на нивото на претходната и желбата на Реал да донесе неколку нови имиња во летниот преоден рок ги подгреа сомнежите дали Алонсо е вистинскиот избор.

Се вели дека идејата на Флорентино Перез е нов тренер да биде Јирген Клоп. Претседателот на клубот сметал дека германскиот тренер е единствениот способен да ги реши тактичките проблеми на Реал.

Поранешниот тренер на Ливерпул наводно би добил „значително поголема слобода“ во водењето на тимот, а како негова предност се издвојува неговото искуство да работи под голем притисок.

Сепак, јасно е дека договорот би бил сè само не едноставен. Клоп дури на почетокот на годината ја презеде улогата на глобален фудбалски директор во Ред Бул.

Уште тогаш беше нагласено дека договорот има излезна клаузула само во случај да добие понуда да ја преземе репрезентацијата на Германија.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...