Отворен дрвен ковчег обложен со цинк – Папата Франциск сакал едноставна процедура за погреб

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб, јавува Би-Би-Си.

Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези – направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциск избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк. Тој, исто така, ја укина традицијата за поставување на телото на папата на подигната платформа, позната како катафал во базиликата Свети Петар, за јавноста.

Наместо тоа, ожалостените ќе бидат поканети да му оддадат почит додека неговото тело е во отворен ковчег.

Франциск, исто така, ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан – неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим, соопшти британскиот јавен сервис.

Ватикан во видео-соопштение претходно денеска објави дека папата Франциск почина на 88-годишна возраст. Папата Франциск беше првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи