„Моите деца не возат ферари, не шмркаат и не се расфрлаат со пари“, Дино Мерлин е горд на своите скромни наследници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


„Мојата најголема среќа е кога ќе дојде таксист и ќе рече: „ги знам твоите песни и се, но твоите деца се многу скромни“, изјави познатиот пејач Дино Мерлин за хрватските медиуми откако таму публиката покажа гплем интерес за него – одржа четири концерти во белградската Старк Арена, а исто толку пати се појави и пред загрепската публика која го пречека со громогласен аплауз.

Пејачот на концертите се пофали дека станал дедо, а раскажа и колку е горд на своите деца.

Познато е дека тој ги има ќерката Наида и синот Хамза, но и двајцата ретко се појавуваат во јавноста. Не се занимаваат со јавен бизнис и никогаш не сакале да бидат во медиумите.

-Вака со овие бранови на животот доаѓаат среќни и помалку среќни моменти, но секогаш е важно да бидете достојни за моментот во кој се наоѓате. Важно е да останете луѓе во најелементарните работи. Да речеме дека сум многу среќен поради мојот приватен живот, бидејќи никогаш нема да прочитате дека син ми вози „ламборџини“ или „ферари“, колку се расфрлаат со пари, како “шмркаат“… Моите деца се учтиви, вредни, објасни Дино за ХРТ и додаде:

-Мојата најголема среќа е кога ќе дојде таксист и ќе рече: „Ги знам твоите песни и се, но твоите деца се многу скромни“. И тоа е вашето најголемо достигнување. Драго ми е што живееме пристоен живот и се солидаризираме со луѓето, додаде пејачот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи