Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен  план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22,00 до 01,00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Штип. Притоа  во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци

Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ.

Воедно утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...